Компанијата е основана во 1983 година од страна на Гилберт Битан. Г.Б. Металургија е докажана компанија која нуди различни видови на професионален рачен алат за индустријата и градежништвото.
По своето основање, Г.Б. Металургија своите производи првенствено ги дистрибуираше во Франција и во соседните држави.
Во наредните десетина години, компанијата започнува да го освојува и европскиот пазар. Во 1997 година, компанијата се вселува во нови поголеми работни простории и инвестира во човечки, технички и логистички ресурси, а како резултат на таа инвестиција се зголемува продуктивноста и квалитетот на производите.
Постојаниот квалитет, на компанијата овозможува забрзано пробивање и освојување како на националниот така и на меѓународниот пазар.
Г.Б. Металургија, поседува сопствени калапи и станува производител на професионални алати и опрема за клиентите но и за професионалните дилери.
Денес Г.Б. Металургија е дел од групацијата RBMH.
Ø Политика
Како снабдувач на дилери со градежни и индустриските алати, Г.Б. Металургија и понатаму дава приоритет на развојот на квалитет и сигурноста на своите производи.
Разбирањето, правовременоста и соработката „се три збора“ кои ги дефинираат сите секојдневни активности на компанијата насочени кон задоволување на потребите на клиентите.